Зошто мора да излегувате и да се дружите за викенд: Српскиот епидемиолог предупредува за црни сценарија од собирањата
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2020
Зошто не се воздржувате за викенд. Останете дома, не излегувајте. Познатиот српски епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека Србија ќе биде сведок на се повеќе заболени затоа што и граѓаните не ги почитувале мерките. Во Србија вчера имаше дури 1.817 новозаболени, а шест лица починаа. Од 1.817 потврдени случаи на коронавирус во последните 24 часа, во Белград се регистрирани 980, што изнесува 54 отсто. Кон вели дека сите овие се заразиле отприлика минатиот викенд.
Инаку и самиот вели дека во понеделници има помал број случаи поради викендот кога нема доволно тестирања.
И во Македонија вчера беа регистрирани рекорден број новозаболени.