26 Април, 2024
0.0256

Зошто не треба да спиете во авион пред полетување или при слетување?

Објавено во: Стил 01 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Научниците не препорачуваат спиење во текот на полетување и слетување на авионот. Како тврдат, тоа може да доведе до здравствени проблеми, вклучувајќи трајно оштетување на слухот, наведува магазинот National Library od Medicine.

Како причина се наведува воздушниот притисок кој во текот на полетувањето и слетувањето се менува со неверојатна брзина. Британската фармацевтка Анџела Чалмс објаснува дека наглата промена на висината влијае на притисокот во ушите.

„Тоа доведува до создавање на вакуум во Еустахиевата туба, поради што во ушите се создава блокада и се создава зуење“.

Многу е важно да се работи на опуштање и ослободување. Ако спиете, не можете да направите ништо за да го намалите притисокот во ушите.

Ушите во тој случај ви остануваат блокирани и е голема веројатноста дека ќе се соочите со здравствени проблеми како вртоглавица, инфекции на увото, оштетување на мембраните на тапанчињата, или во најголем случај, губење на слухот.

Лекарите поради тоа советуваат зевање во такви случаи, често голтање (вода, конзумирање бомбони или џвакање мастика).

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти