04 Мај, 2024
0.0342

Зошто попладневната дремка треба да ви е задолжителна навика?

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Кратка попладневна дремка е значаен одмор за кој вашиот организам ќе ви биде многу благодарен.

На организмот му се доволни четириесетина минути за да се одмори и да почне да работи со нови сили. Кратката дремка ќе ви даде многу енергија за остатокот од денот.

Освен тоа, малку дремка во текот на денот има позитивно влијание на помнењето, тврдат швајцарски научници.

Студијата на истражувачите од универзитетотво женева, која е објавена во списанието eLife, покажала дека таа мала пауза има посебно благотворно влијание на меморијата. Тогаш даваме можност на мозокот трајно да ги забележи информациите кои претходно сме ги собирале.

 За да го проучат делувањето на мозокот, швајцарските експерти вршеле испитување на 31 волонтер, кои биле поделени во две групи. На првата група им било дозвоелно да отспијат 90 минути во текот на денот, додека втората група морале да бидат будни. Подоцна, на тестовите за меморија, волонтерите кои имале прилика за спиење покажале не само подобри резултати од втората група, туку и биле по сигурни во давањето на одговори.

 Скенирањето на мозокот на учесниците во оваа студија покажало дека информациите од краткотрајната меморија полесно преминуваат во долготрајна меморија.