27 Април, 2024
0.0368

Зошто прeкувремената работа во канцеларија не е добра идеја?

Објавено во: Стил 17 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Прекувремената работа може да го зголеми ризикот од срцеви болести. Ова го покажува спроведена студија, која опфатила над 1900 работохолици. Научниците утврдиле дека кај 43% од учесниците се дијагностицирани здравствени проблеми поврзани со кардиоваскуларниот систем,  ангина пекторис, коронарна срцева болест, срцева слабост, инфаркт, висок крвен притисок, мозочен удар. Меѓу вработените кои работат со полно работно време, ризикот се зголемува со 1%  за секој дополнителен час работа неделно во период од 10 и повеќе години. Почнувајќи од 46 часа неделно, дополнителните часови работа го зголемуваат уште повеќе ризикот од срцеви болести. Во споредба со просечно 45 часа работа неделно во период од 10 и повеќе години, ризикот од срцеви болести е со 16% поголем за оние кои работат 55 часа неделно, и со 35 % повисок за вработените со 60 часа неделно. "Истражувањето ни обезбедува специфични податоци за долги часови работа и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, што поттикнува да се преземат мерки за превенција базирани врз  распоредот за работа" - рече шефот на екипата, Сејди Конвеј од Универзитетот во Тексас во Хјустон. Се препорачува во текот на работата да се прават паузи, доколку сте во седечка положба да бидете исправени или ако сте во можност да направите пауза и да излезете од канцеларија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти