29 Април, 2024
0.0299

Зошто странска фирма плати 2 милиони евра за грст акции во домашна фирма загубар?

Објавено во: Економија 21 Август, 2017

Добивај вести на Viber

За пократок период од два месеци во две блок трансакции се истргувани 10 отсто од акциите на „Коппер инвестментс“ за сума што надминува 3,2 милиони евра. Ништо не би било чудно доколку „Коппер инвесментс“ не би бил фирма за која се знае многу малку, а единствени официјални податоци се тие од извештајот на независната ревизија за 2016 година во кои пишува дека „Коппер инвестментс“ има акумулирана загуба од 4 милиони евра.

Зошто некој плаќа 2 милиони евра за да купи 6 отсто од акциите во фирма која има акумулирана загуба од 4 милиони евра? Ова е прашање што интересира многумина инвеститори на нашата берза. Дали ги интересира и надлежните државни инстанци кои имаат ингеренции за да вршат истраги за спречување перење пари? Особено заради тоа што е втора ваква трансакција за пократко од два месеци со истата акција. Пред десетина дена на берзата е реализирана купропродажба на акции во компанијата „Коппер инвестменст“ во која се истргувани 6,8 отсто од акциите со право на глас односно 4.251 акција по цена од 29.069 денари за акција. Вкупниот износ на трансакцијата е 123,57 милиони денари (околу 2 милиони евра).

За потсетување, ова е втора трансакција со акции од таа компанија во период пократок од два месеци. Таа трансакција се случи кон крајот на јуни и во неа беа истргувани 4,2 отсто од акциите за сума од 1,24 милиони евра.

Странска фирма плати 2 милиони евра за 6,8 отсто од акциите на „Коппер инвестментс“

Од споредбата на јавно достапни податоци „Фактор“ уочи дека купувач на акциите е странско правно лице. „Коппер инвестментс“ има вкупно 11 акционери, а до пред оваа трансакција имаше 10 акционери. Во структурата е видлива промена кај странските правни лица . Досега едно странско правно лице поседуваше 50 отсто од акциите. Сега во структурата има 2 странски правни лица. Тоа значи дека при последната трансакција ново странско правно лице купило 6,8 отсто од акциите што досега ги поседуваше едниственото странско правно лице. Тоа правно лице и понатаму останува најголем поединечен акционер, но сега ќе поседува 43,2 отсто од акциите. „Коппер инвестмент“ е компанија шт во Република Македонија треба да се занимава со ископ и преработка на руди. Компанијата постои неколку години досега. Од извештајот на независните ревизори на таа компанија видливо е дека има акумулирана загуба од 4 милиони евра. Во сопственичката структура на „Коппер инвестментс“ има уште 1 домашно правно лице кое поседува 4 отсто од акциите, едно домашно физичко лице кое исто така поседува 4 отсто од акциите и 7 странски физички лица кои поседуваа 42 отсто од акциите во компанијата.

„Коппер инвестмент“ е компанија регистрирана за „помошни дејности за останатото вадење на руда“. Компанијата има вкупно 62.500 акции со право на глас и има вкупно 10 акционери, а номиналната вредност на акцијата е 4 евра.

Дали некој со „значка“ треба да провери што се случува?

Прво, на 3 септември 2014 година е реализирана првата трансакција со приоритетни акции на „Коппер инвестмент“. Издадени се во приватна понуда со одобрение од Комисијата за хартии од вредност во август 2014 година. Тогаш овие акции се истргувани за сума од 10.000 евра. На 20 октомври во блок трансакција овие акции се продадени за сума од 1 милион евра. Тие приоритетни акции сега се обични акции.

Второ,  „Surrey Dynamics Limited“ беше купувач на тие приоритетни акции за 1 милион евра, а во тоа време се споменуваше и како најголем акционер на обични акции со право на глас во „Коппер Инвестмент“. Во извештајот за 2016 година на „Surrey Dynamics Limited“ документ јавно достапен на следниот линк https://beta.companieshouse.gov.uk/company/04819571/filing-history  во британски регистар на објави, објавен на 31 октомври 2016 година, не пишува дека оваа фирма е сопственик на акции во „Коппер Инвестмент“. Во извештајот фирмата декларира дека инвестирала во 4 украински компании и тоа во една има малцински стек и таа се занимава со транспорт, а во другите три кои се за производство на бакар има мнозинска или доминантна сопственост. Повеќе за оваа фирма може да прочитате на следниот линк http://faktor.mk/britanska-firma-plati-1-milion-evra-za-2-500-akcii-bez-pravo-na-glas-vo-makedonska-firma

Трето, кон крајот на јуни во блок трансакција на берзата беше реализирана купопродажба на 4 отсто од акциите на „Коппер инвестмент“ за сума од над 1 милион евра, а на 10 август беше реализирана уште една трансакција при што во блок се истргуваа 6,8 отсто од акциите на истата фирма за 2 милиони евра.

Четврто, дали е можно за плати и надоместоци и други примања на 10 вработени лица  „Коппер Инвестментс“ да исплатил 1,24 милиони евра или просечно по 124.000 евра по лице? Тоа се податоци од извештајот потпишан од независните ревизори за 2016 година.

Што е важно да знаете за „Коппер инвестменст“ !?

Од податоците објавени во консолидираниот извештај на „Коппер инвестментс“, објавен и на сајтот на берзата, може да се види дека лани компанијата исплатила 78,78 милиони денари (околу 1,24 милиони евра) за плати, надоместоци и други примања. Според официјалните податоци од Централниот регистер на Македонија (ЦРМ) лани во таа компанија просечниот број на вработени изнесува 10 лица. Од консолидираниот извештај се гледа дека лани компанијата имала оперативни трошоци во износ од 102,63 милиони денари. Од тоа најголем дел се горенаведените трошоци за плати и други надоместоци кои изнесуваат над 78 милиони денари. Загубата за ланската година изнесува 106,8 милиони денари. Со ланската загуба, од консолидираниот извештај се гледа дека вкупната загуба на компанија акумулирана до крајот на 2016 година изнесува  247,6 милиони денари и е за 171,5 милиони денари поголема од акционерскиот капитал и од премиите за акции кои изнесуваат заедно 76,5 милиони денари.

Во консолидираниот извештај пишува дека фирмата нема приходи од продажба лани и дека имаостанати приходи во износ од 1.000 денари. Од друга страна пак во единечниот извештај на ревизорите пишува дека „Коппер инвестментс“ имаат приходи од продажба во износ од 64,3 милиони денари. Во овој извештај за плати, надоместоци и други примања фирмата за своите вработени издвоила 60,45 милиони денари, а крајниот резултат е загуба во износ од 2 милиони денари. 

Во билансот на состојба пишува дека фирмата има долгорочни вложувања од речиси 500 милиони денари на крајот на 2016 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа