Зошто Украина блокираше популарни руски сајтови?
Објавено во: Свет 16 Мај, 2017
Украина денеска ги блокираше сите популарни руски сајтови и руските социјални мрежи во рамки на санкциите против Москва.
Тоа се сајтови кои имаат повеќе милиони корисници во Украина.
Забраната дојде преку декрет на украинскиот претседател Петро Порошенко и се однесува на социјалната мрежа ВКонтакт (ВК) која е еден вид руски Фејсбук, но и на пребраувачот Јандекс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Пешков вели дека ова е нова манифестација на непријателската и кусогледа политика кон Русија, уште една одлука како и другите која го нарушува правото на Украинците на бидат информирани. Дмитри не исклучи можни санкции кон Украина.
Украинските корисници остро ја критикуваа оваа забрана која ја зајакнува економската војна, но и војната на информации која се води меѓу Москва и Киев од анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година.