29 Април, 2024
0.0281

Зошто вреди да се има акцијата на НЛБ Банка?

Објавено во: Финансии 29 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Секоја акција на НЛБ Банка за работењето во 2021 година носи добивка од 42 евра што е за 10 евра по акција подобар резултат од 2020 година! Ова е главната вест од билансот на успех за работата на оваа банка лани. Зголемено кредитирање, зголемени нето приходи од камати, провизии, курсни разлики во комбинација со намалени трошоци за резервации за ризични пласмани водат до резултат: нето добивка од 36 милиони евра

Финансиските извештаи на големите домашни банки објавени досега несомнено покажуваат дека не само најсигурно туку и најсиплатливо е парите да се чуваат во банка. Но дилемата е следна: дали во депозити или во купување нивни акции? Факт е дека добивките на банките преточени во дивиденди се неспоредливо поконкурентни од пласманите во депозити и орочени штедни влогови особено сега кога инфлацијата силно тропа на врата „ојачана“ од плафон цените на нафтените деривати и струјата...

НЛБ Банка ја има најдобрата година до сега. Оваа голема, или стручно кажано системска банка, во 2021 година оствари 84 милиони евра вкупни оперативни приходи и од нив како нето добивка за банката останаа 36 милиони евра. И ова е крунскиот аргумент за одличната позиционираност и успешноста на бизнис моделот на оваа банка. Очигледно е дека на нашиот пазар на банкарски услуги има комотен простор за најголемите банки (само да потсетиме дека еден од двата најголеми конкуренти „Комерцијална банка“ ден претходно објави дека 2021 година да заврши со профит од 37,5 милиони евра).

Еве ја „крвната слика“ на НЛБ Банка:

Нето приходите од камати лани достигнаа 48,9 милиони евра и во услови на пад на општите стапки на камати се зголемени за 1,5 милиони евра во однос на 2020 година.

Нето приходите од втората најважна приходна ставка – провизии и надоместоци пораснаа за 7 отсто односно 1,3 милиони евра и достигнаа 19,5 милиони евра.

Од нето приходи од курсни разлики банката лани има 4,3 милиони евра, а од останати приходи од дејноста уште 11,2 милиони евра.

Вкупни приходи од работење пораснале за 15 отсто и достигнале 84 милиони евра.

Вкупните оперативни трошоци лани изнесуваат 34,1 милиони евра. Во нивната структура најголемо е учеството на трошоците за вработените кои изнесуваат 14,6 милиони евра и корпусот останати трошоци со 15,8 милиони евра. Резервациите за ризични кредити изнесуваат 9,4 милиони евра и се 15 отсто пониски од претходната година – параметар што укажува на намалување на ризици заради подобрување на состојба со ограничувања и неизвесности за бизнисот предизвикани од глобалната здравствена пандемија.

Во што пласира и вложува НЛБ Банка?

Значајно за истакнување иако станува збор за мала ставка во структурата на обврски од биланс на состојба е дека се речиси сведени на нула кредитите и побарувања од банки, а во 2020 година биле 8,2 милиони евра.

Нивото на кредити за коминтенти (со исклучок на банки) изнесува 1,07 милијарди евра и бележи зголемување за 13 отсто во споредба со претходната година. И вложувањата во државни хартии од вредност достигна 298,2 милиони евра што е раст за 12 отсто во однос на 2020 година.

Депозитите пораснале за 8,5 отсто и достигнале 1,4 милијарди евра.

Вреди да се истакне, иако не е многу голема ставка, дека субординираните обврски (спрема банката мајка) се зголемени за 50 отсто и достигнале 45 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?