05 Мај, 2024
0.0245

Зошто жените изневеруваат? Три најчести причини

Објавено во: Стил 30 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Кога жената изневерува, тоа е многу посериозно од мажите, со самото тоа што сето тоа е само физичка потреба.

Изневерувањето не е само машка игра - тоа го прават и жените, можеби не толку често, но кога тоа го прават, го прават многу сериозно. Кај нив е изразена емоционалната прељуба, додека кај мажите е повеќе физички, а тоа се најчестите причини поради кои жените изневеруваат.

Бараат излез

Некои жени дури и тие самите не се свесни дека сакаат да излезат од врската, и по секое неверство тие всушност бараат излез, кој овозможува да се ослободат од тековниот партнер. Сексот со друг маж не значи дека можеби таа ќе продолжи во врска со новиот, но ова е можеби единствениот начин за да се заврши приказната со оној стариот.

Подигање на самодовербата

За некои жени неверството е начин за зголемување на самодовербата. Ако сегашниот партнер не ги почитува или не им посветува доволно внимание, можат да почувствуваат дека не се секси, или пожелни, па ќе побараат внимание кај некој друг.

Од чисто задоволство

Тоа е карактеристично кај мажите, но и жените понекогаш изневеруваат, едноставно затоа што тоа им предизвикува задоволство. На некои им е удобно да додаваат малку драма во животот, некои сакаат емоции, додека други сакаат малку авантура, а најважно е дека сето ова им предизвикува задоволство.