Жртва од туристичката несреќа во Будимпешта пронајдена по два месеци
Објавено во: Свет 07 Јули, 2019
Уште една жртва од туристичката несреќа со бродот кој пловеше по реката Дунав низ центарот na Будимпешта е пронајдена во Унгарија.
Пронајдено е тело на жена од Јужна Кореја, а Дунав ја однел 60 километри подалеку од главниот град на Унгарија, а трупот беше пронајден крај селото Макад,
Досега се идентификувани 27 починати по трагедијата, откако броте преполно со туристи од Јужна Кореја се судри со поголем брод за крстарење и веднаш потона.
Уште еден Јужнокореец се води како исчезнат, а седуммина се спасени, а меѓу настраданите има и двајца Унгарци од екипажот.
Украинскиот капетан е пуштен да се брани од слобода со полициски надзор.