14 Мај, 2024
0.0242

ЖУРКИТЕ НА МИКОНОС ГИ ЗАГРИЖИЈА ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ - бараат почитување на мерките

Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Појавите на преполни кафулиња, баровите на плажа, но и ноќни клубови во Грција во текот на изминатиот викенд преставуваат дополнителна „главоболка“ за епидемиолозите во земјата, кои предупредуваат дека најголемиот проблем со Ковид-19 се собирите и метежите каде што најлесно се пренесува вирусот, јави дописничката на МИА од Атина. 

„Сакам да потсетам дека пред да се појават сите големи епидемии во Италија, во Англија, во Шпанија, претходеа метежи на трговски саеми, на стадиони, на масовни протести и така натаму. Метежите се маслото во огнот на пандемијата. По ова што сега се случува на Миконос и на други места каде што има метеж, да бидете сигурни дека за една – две седмици, ако не се преземат мерки, ќе се врати епидемијата. Еден човек од оваа толпа е доволен за да се заразат 100 или 200 други“, изјави за грчката телевизија „Скај“ професорот епидемиолог Никос Сипсас, кој е член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, пренесува МИА. 

Професорот по заразни болести и патологија Хараламбос Гогос, за телевизијата „Антена“ истакнува дека на сите треба да им биде јасно дека ова лето е поразлично и како решение споменува сопствениците, наместо за 1.000 лица, да дозволат влез за 200 посетители. Тој додаде дека е најверојатно со отворањето на границите, на туристичките места да се појават и „увезени“ случаи на Ковид-19. 

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ коментирајќи ја одлуката да се казни познат бар на плажа на Миконос со 20.000 евра и двомесечна забрана за работа поради непочитувањето на протоколите, рече дека законите треба да се почитуваат од сите. 

„Сега, кога штотуку започнавме да ја деблокираме нашата економија и да примаме луѓе, не можеме да ја испраќаме оваа порака. Законите секогаш мора да се почитуваат. Законот е закон и мора да се спроведе. Оттука, доколку било кои прашања од нашиот план треба да бидат ревидирани во продолжение, ќе бидат ревидирани. Но, нашата главна грижа е јавното здравје“, посочи Пецас. 

Епидемиолозите, но и власта во Грција, не ја исклучуваат можноста, доколку биде потребно да се воведе и локален карантин во место каде што во текот на летото би се појавил сомнителен случај. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни