Зврлевски не е разрешен, седницата продолжува утре
Објавено во: Македонија 11 Август, 2017
Собранискиот претседател Талат Џафери, ја прекина седницата на која се расправаше за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и закажа нејзино продолжување за утре во 12 часот.
Денешната седница помина тензично откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски му ја извади картицата на Џафери. Со денови се расправа за разрешувањето на Зврлевски, за кого од власта наведоа дека не си ја извршувал работата професионално.
Од СДСМ им порачаа на ВМРО-ДПМНЕ дека правдата ќе ги стигне сите и дека напразно со реплики и контрареплики ја блокираат работата на Собранието.