29 Април, 2024
0.0281

ПАРКИРАЈ СОВЕСНО! НЕ ИМ ГО ОДЗЕМАЈ ПАРКИНГ МЕСТОТО НА ОНИЕ НА КОИ ИМ Е НАЈПОТРЕБНО

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи” на Општина Центар и граѓанската иницијатива „5до12“ денеска потпишаа меморандум за соработка и ја претставија кампањата Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“со цел да се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.

Активистите на здруженијата за лица со посебни потреби од цела Македонија кои се дел од граѓанската иницијатива „5до12“ и вработените на ЈП ПОЦ ја започнаа кампањата со поставување на летоци на паркираните автомобили на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието кои повикуваат на совесно паркирање.

„Со денешната акција сакаме да ги потенцираме проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во сообраќајот, а пред сè за време на паркирањето. Нашата цел е да влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно и да им овозможат на лицата со инвалидитет непречено функционирање во градот“ - изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.

Од граѓанската иницијатива “5до12“ велат дека се приклучиле во оваа кампања заради проблемите со несовесно паркираните автомобили со кои се соочуваат секојдневно.  Тие апелираат до возачите да не паркираат на места наменети за лица со посебни потреби за да можат да функционираат нормално.

Во склоп на кампањата ќе се отвори и посебна телефонска линија каде граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите непрописно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби и за истите ќе се преземат посебни санкции. Пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш по добивање на повикот, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

Кампањата ја поддржа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој заедно со активистите ги предупредуваа возачите да не паркираат на местата кои не се наменети за нив и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг