Добивај вести на Viber
Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на својот фејсбук профил објави дека предвидела дека на 8 мај ќе има политички вулкан, затоа што е професорка и може да предвиди.
„Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан, не зашто сакам вулкани, туку затоа што како професорка можам да предвидам извесни состојби. Таа состојба ја гледам, каде и да одам има реки на народ!
Гордоста ја пренесувате низ генерациите и кога се одржува Вевчанскиот карневал, вие умеете преку маските, говорот, театарот да докажете дека со микроскопска прецизност ја анализирате и критикувате власта, мислам дека нема човек во Македонија кој не е горд на вас.
Ставот мора да извира од консензусот внатре во државата. Учењето е многу добра работа, можеме да учиме или треба да учиме и од соседите од Грција, Бугарија, каде било која власт кога ќе дојде велат дека се должни да ја почитуваат декларацијата на парламентот. Претседател мора да има конзистентен став!“, напиша на фејсбук таа.