20 Мај, 2024
0.0291

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Според бугарската експертка и советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева, одлагањето на уставните измени е трагична загуба на време за Македонија. 

Чернева оценува дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и новата претседателка Гордана Силјановска Давкова за повторно отворање на преговарачката рамка за Македонија е губење време, бидејќи не гледа бугарска влада која би се согласила да го предоговара актуелниот предлог.

Во гостување на ТВ НОВА Чернева објаснува дека кога работеле на францускиот предлог со колегите од земјите членки на ЕУ, со Европската комисија и со Европскиот совет, било многу јасно дека тоа е рамка во која Унијата пред сè гледала заштита на барањата и интересите на Бугарија како нејзина членка. Предлогот, вели, бил испратен во Скопје, направени се консултации и со македонската страна, а францускиот претседател имал клучна улога.

„Мислам дека одлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија. Тие, исто како и сите други народи од Западен Балкан, треба да имаат шанса да започнат преговори за членство во ЕУ“, вели Чернева.

Според Чернева, тоа што не се смени Уставот со цел да се споменат Бугарите во него е жално, бидејќи Скопје можеше да ги почне преговорите уште минатата есен. 

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување