02 Мај, 2024
0.0284

Заев бара решение што ќе го заштити идентитетот на двете страни

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Градењето заемна доверба и гаранцијата дека решението ќе биде конечно и ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, се најважните делови од преговарачкиот процес, порача македонскиот премиер Зоран Заев во изјавата за грчката агенција АНА-МПА.

Заев истакна дека Скопје нема иредентистички аспирации и според државната агенција, додавајќи дека грчкиот премиер Алексис Ципрас е искрен и верува дека решението на проблемот со името ќе биде добра разврска и за Грција.

– Градењето доверба меѓу двете страни – она што го правиме сега – и како ќе им гарантираме и на двете страни дека конечното решение ќе биде засекогаш, дека ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, е најважниот дел од процесот - додаде премиерот Заев за АНА-МПА за време на неговата официјална посета на Берлин.

Во однос на тоа дали постои можност да се постигне решение до следниот НАТО Самит во јули, Заев порача дека постојат разликите во прашањето за името, но постои и можност за решение, со гаранции за народот, а не само за политичарите.

– Постои можност да најдеме решение, но само ако изградиме доверба и ги дадеме неопходните правни гаранции во преговарачкиот процес во однос на она што ќе биде прифатено од народот, а не прифатено само од Заев и Ципрас или од Димитров и Коѕијас - истакна Заев.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање