Затворените новинари во Турција итно да се ослободат, притиска ОН
Објавено во: Балкан 18 Ноември, 2016
Состојбата со притворени новинари во Турција е се позагрижувачка, па затоа Обединетите Нации преку Дејдвид Кеј, специјалниот известувач за човековите права и слободи, побараа ослободување на сите новинари кои се во затвор, бидејќи нивните апсења не се соодветни на потребите на владата да ја заштита јавната безбедност.
Во изјава дадена на крајот од седумдневната посета на Турција, Кеј кажа дека ја разбира потребата на турската Влада да преземе мерки против терористичките закани и да ги заштити своите граѓани, но нагласи дека „тоа не значи дека владата има одврзани раце да работи што сака за да ја ограничи слободата на изразување“.
Официјалниот претставник на светската организација наведе дека во затворите во Турција во моментов се наоѓаат околу 155 новинари.