28 Април, 2024
0.0248

10 автомобили – симболи за крајот на една ера

Објавено во: Стил 10 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Се, порано или подоцна завршува. Ова правило важи со полна сила за автомобилската индустрија, која има неколку интересни фази. И секој еден од нив завршува барем условно, a крајoт му е одбележан со излегувањето на конкретен автомобил. Еве 10 такви машини, кои се избрани од изданието Wheels. Buick Roadmaster Estate koli1 Огромното комби со V8 мотор едно време дури и се претвора во симбол на патиштата на Америка. Во средината на 90-тите години на минатиот век, сепак автомобилот и сличните на него модели се поместени од пикапи и кросовери. Всушност величествените "вагони" на General Motors се последните претставници на една изумирачка раса. Ferrari 458 koli2 Последниот спортски модел на Ferrari со атмосферски V8 мотор. Тој става крај на ерата на спортски автомобили, кои не се потпираат на турбо мотори. Секако, атмосферските агрегати сеуште постојат кај некои модели, но ако Ferrari и Porsche се ориентираат целосно кон турбо мотори, нивниот крај ќе настапи доста брзо. Ford Excursion koli3 Сега во САД може да се купи Chevy Suburban или Toyota Sequoia, но дури и тие се далеку од овој мастодон. Всушност Ford Excursion претставува Ford F250 во верзија теренец и доаѓа со 7,3-литарски дизел мотор. Една навистина грамада машина која се поретко може да биде видена на патиштата. Jaguar XJ koli4 Во 2009 година во Jaguar ставија крај на моделите со типичен англиски дизајн. Потоа компанијата тргна по сосема друг пат, а значително го надополни изгледот на своите автомобили. И ги направи такви што да им се допаѓаат најмногу на кинеските клиенти на брендот. Ова се претвора во сериозен проблем, бидејќи новите модели тешко можат да бидат различни еден од друг. Cadillac Eldorado koli5 Во 50-тите години на минатиот век Cadillac ги правеше се поголеми и поголеми овие "пераи" лоцирани на опашката на своите автомобили. Врвот на тоа настапи во 1959 година, по што компанијата почна да го ублажува дизајнот на своите модели. И така постепено настапи крајот на оваа ера. Lamborghini Murcielago koli6 Речиси секој фан на автомобилите разговарал на темата за тоа како Аudi практично го погубува Lamborghini и како Diablo е последниот "вистински" претставник на италијанската марка. Ова сепак не е точно така - последното Lamborghini од старата школа е Murcielago. Затоа - тоа е опремено со легендарниот мотор Bizzarini V12, чие педигре може да се проследи дури до моделот 350GT. Додавајки го и фактот дека моделот доаѓа со рачен менувач со "отворен коридор" и ќе дознаете зошто овој модел се претвора во камен-темелник за Lamborghini. Saab 9-5 koli7 Милион верни фанови низ целиот свет го видоа крајот на својот сакан бренд во 2012 година. За многумина од нив тоа се претвори во вистинска трагедија, бидејќи, што и да се случува повеќе таков автомобил на Saab нема да се појави на виделина. Duesenberg Model J koli8 Duesenberg пушта потресен модел Model J во 1928 година, но само една година подоцна настапува светската финансиска криза. Автомобилот се задржува на пазарот до 1937 година, а потоа постепено настапува крајот на аристократската американска машина која е еден од симболите на 20-тите години на минатиот век. Porsche 911 (993) koli9 Ова е последното Porsche со воздушно ладење и всушност е последниот од "старата школа" автомобили на марката по голем број на причини. Тој поседува такви квалитети кои сега не можеш да ги најдеш кај голем број слични автомобили и всушност е актуелен спортски автомобил. Можеби причината за тоа е што овој модел не е направен да се допаѓа на голем број клиенти. Citroen C5 koli10 Намалување на трошоците, претежно со кратење на работна сила и на палетата модели. Токму со тоа во моментов се занимаваат во Citroen што природно доведе и до отстранување на култниот хидропневматичен автомобил. Тоа беше симбол на брендот во текот на 60 години, но оди во историјата со крајот на сегашната генерација на моделот С5. Обработка:К.К. Извор: Wheels

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти