Ова се петте друштвени мрежи чие време допрва доаѓа
Објавено во: Стил 25 Август, 2015
Меѓу најпопуларните социјални мрежи како Facebook, Twitter, LinkedIn и Instagram, еве кои нови мрежи се очекува допрва да доминараат.
Periscope
Во првите десет дена оваа мрежа веќе има милион корисници. Станува збор за друштвена мрежа во сопственост на Twitter , преку која можете да пренесувате во живо видео содржини преку паметните телефони
Dronestagram
Оваа мрежа е слична на популарниот Instagram, но е посебна поради се поприсутните летала за снимање или дронови. Доколку поседувате ваква скапа играчка, ова е вистинското место за вас.
AirBnb
Оваа он-лајн заедница е во пораст во последните години и е место каде најлесно се нуди и бара сместување. Преку AirBnb можете да создадете разни конекции, пријателства и заработка. Страницата е user friendly и им овозможува на корисниците да пребаруваат во покус рок.
Snapchat
Оваа друштвена мрежа веќе го доживеа својот подем и се повеќе привлекува корисници. На неа можете да споделувате фотографии и видео содржини до 10 секунди. Кога тоа ќе го испратите кај своите пријатели, содржината исчезнува по неколку секунди.
Shots
Shots е друштвена мрежа достапна преку мобилните уреди е совршено место за објавување на селфи фотографии. Можете брзо да ги објавувате и споделувате вашите фотографии и да испраќате пораки.