5 од најубавите кули часовници во светот
Објавено во: Стил 29 Јули, 2016
Овие неверојатни кули се распоредени во различни делови на светот и секоја од нив е различна и убава на свој начин.
1. Кулата во Картагена, Шпанија
Во 1888 година во предградиетобеа создадени кулата и часовникот. Тука е и влезот кон прекрасниот град Картагена.
2. Кулата во Стариот град, Прага
Легендата вели дека Мајсторот на часовници Ханус бил ослепен, за да не може да го повтори созданието никаде на друго место. Затоа тој часовник престанал да работи и дури после 100 години повторно проработел.
3. Кулата на Фери билдинг, Сан Франциско
Од тоа важно приснаниште тргнале и пристигнувале луѓе во текот на годините меѓу 1898 и 1930 година. Тогаш е изграден и симболот на градот - мостот Голден Гејт.
4. Кулата на зградата на Султан Абдул Самад, Малезија
Оваа кула е завршена од Британци во 1897г. Во 1957. британското знаме е симнатоа, а на негово место е издигнато малезиското.
5. Биг Бен, Лондон
Во минатото, името Биг Бен се однесувало само на огромната камбана внатре во кулата, но подоцна почнува да се користи за целата кула. Во 2012г. кулата официјално е преименувана во Елизабет Тауер. И покрај промената на името, сепак, симболот на Лондон секогаш ќе остане познат како Биг Бен.