Администрацијата на Трамп постави нови критериуми за визните апликанти
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2017
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп постави нови критериуми за визните апликанти од шесте претежно муслимански земји и сите бегалци на кои ќе им е потребно „блиско" семејство или бизнис врска со САД.
Новите упатства испратени до американските амбасади и конзулати вчера велат дека апликантите од шесте земји мора да докажат врска со родител, сопружник, дете, возрасен син или ќерка, зет, снаа, брат или сестра во САД.
Баби и дедовци, внуци, тетки, чичковци, братучеди, вереници или други членови на поширокото семејство не се сметаат за блиски врски.
Високи функционери од државните оддели, Одделот за правда и Внатрешната безбедност ги финализираат критериумите што посетителите од шесте претежно муслимански земји мора да ги исполнат за да ја избегнат обновената забрана за патување на администрацијата на Трамп.
Врховниот суд делумно ја врати извршната одредба на претседателот Трамп што беше нашироко критикувана како забрана за муслиманите.