19 Мај, 2024
0.0308

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

Објавено во: Економија 08 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Две компании, во крајна сопственост на бизнисмени од Албанија - Соле 24 и ЕТМТ Енерџи, се во Топ-5 најголеми продавачи на мегаватчасови електрична енергија на слободниот пазар за минатата година во Македонија.

Прв во продажбата на струја на нерегулираниот пазар е когенеративната централа која во Скопје работи на гас, ТЕ-ТО, која во последно време е на удар на власта поради руската поврзаност. ТЕ-ТО во текот на 2023 направил продажби од 210 милиони евра и остварил добивка од околу 3,3 милиони евра. Добивката е сепак далеку помала од остварена од 11,5 милиони евра од една година претходно. Треба да се напомене дека дел од приходите оваа компанија ги остварува од продажба на топлинска енергија.

На второто место е Соле 24, која се етаблираше за кратко време-односно за само една година, а таму од неодамна управител е ќерката на заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. Соле 24 остварил приходи од околу 64 милиони евра и ланска добивка од 1,15 милиони евра. Како споредба, компанијата во 2022 има приходи од само 3.000 евра.

На третото место по продадени количини на електрична енергија во земјата е ЕВН Трејдинг, фирма-ќерка на АД ЕВН, која е специјализирана за продажба на струја на слободниот пазар. ЕВН Трејдинг има наплата од околу 41 милиони евра, но добивката била само 41.406 денари.

Следен е ЕТМТ Енерџи со остварена продажба од 100 милиони евра. Треба да се напомене дека дел од овие приходи, слично како и Соле 24, се остварени и од продажба на аукции за АД ЕСМ кога државните еелктрани имаат недостиг на производство. ЕТМТ Енерџи за 2023 има загуба од минус 5.416.441 денари. Ова е донекаде чудно ако се знае дека во 2022, годината на пробивот на трговецот, имаше продажби од 120 милиони евра и добивка поголема од 15 милиони евра. 

Последен од петорката најголеми продавачи е ЕСМ Продажба, фирмата ќерка на АД ЕСМ, задолжена за продажба на вишоци на електрична енергија, која покрај тоа и набавува природен гас за скопските топлани, а од лани таму директорка е Мерита Мустафаи, кадар на ДУИ.  ЕСМ Продажба има приход од 115 милиони евра со годишен раст од 6 отсто и добивка од 8,2 милиони со раст од дури 65 проценти.  

Овие пет трговци зафаќаат 70 отсто од вкупниот слободен пазар на продадена електрична енергија.                                                                                                      

А.К.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра