02 Мај, 2024
0.0270

Адвокатите утре ќе побараат излегување на Јанева од притвор бидејќи истрагата е завршена

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, адвокатите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева по денешниот распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“ рекоа дека осомничената ќе достави гаранција до судот со која ќе се бара ослободување од притвор откако вчера официјално заврши истрагата.

- Со завршување на истрагата, отпаѓа можноста за влијание на сведоците. Ние же понудиме гаранција против евентуално бегство. Уште утре ќе се обратиме до судот. Притворот е мерка што треба да трае што е можно помалку, рече Кадиев пред новинарите.

Фрчкоска дополни дека двајцата адвокати не разговарале до сега од каде ќе бидат исплатени, односно дали Јанева тоа ќе го направи преку наводниот „црн фонд“ на СЈО. Наведе дека Јанева исказ ќе даде откако ќе ги види доказите, бидејќи обвинителството било должно, како што вели правниот застапник на Јанева, тоа да и го овозможи  предда ја заврши истрагата.

- Таа ке го искористи правото в четврток да изврши увид на доказите, затоа што осомничениот Бојан Јовановски тоа ќе го направи утре, рече Фрчкоска.

Адвокатите тврдат дека здравствената состојба на Јанева сега е подобра, но и дека натаму пати од хронични болести и голем стрес.

Адвокатскиот тим потврди дека осомничената не е вклучена во истрагата за Меѓународниот сојуз на Боки 13, туку само за случајот „Империја“.

Изминатиот период тие ги добиле решенијата со кои Јанева е разрешена како јавен обвинител во Гевгелија и специјален јавен обвинител во СЈО. 

- Понатаму ке ја информираме јавноста како ќе постапиме по тоа решение, додаде Фрчкоска.

Имено, Катица Јанева на денешното појавување во ОЈО се бранеше со молчење.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање