Аерозагадувањето убило 160.000 луѓе во неколку големи градови
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021
Загадувањето на воздухот убило 160.000 луѓе во големите градови.
Kaко што објави невладината организација за заштита на околината Greenpeace Southeast Asia, најпогоден од загадениот воздух е индискиот главен град Њу Делхи. Тој е најзагадениот град во светот, каде што 54.000 смртни случаи минатата година се резултат на опасните честички PM2.5.
Во јапонскиот град Токио поради аерозагадувањето починале 40.000 луѓе, а потоа следуваат Шангај, Сао Паоло и Мексико сити. Економските загуби кои се резултат на загадувањето се проценуваат на 85 милијарди долари.
Вечерва Лахоре во Пакистан е најзагаден, а зад него е Дака во Бангладеш и трет е Њу Делхи. Потоа следат Кабул во Авганистан и Калкута во Индија. На листата на air visual зад нив е Ханој во Виетнам.