Ахмети: Нашата цел беше да се постигне еднаквост
Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
Во кампањата рековме дека ова е напредок за еднаквост за подобар живот и за иднината за сите, изјави вечерва во ДУИ, лидерот Али Ахмети.
Вели дека оваа цел ја постигнале заедно и го заокружиле историскиот договор за раководење во заедничка влада.
„Нашата цел беше да се постигне еднаквост. Се потриудивме да ги убедиме и другите партии на Албанците да не поддржат, но тие не одговорија на нашата покана и за ова ми е многу жал. Јас сум посветен дека Албанците треба да имаат конструктивен опозициски глас“, рече тој.
Рече дека сега е време за работа.
ДУИ го објави списокот на предлог министри за министерствата во кои ќе има свои кадри.