03 Мај, 2024
0.0267

Академска пракса „Аџибадем Систина’’ – втора успешно реализирана година

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Соработката помеѓу Клиничката болница „Аџибадем Систина’’ и Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев’’- Штип денес ја заокружи втората успешна година.

Проширената содржина за студентите која оваа година вклучуваше и практични вежби значеше комплетирање на нивното теоретско знаење.

На денешната дружба со која се одбележа крајот на втората година покрај студентите, докторите и дел од менаџментот на КБ „Аџибадем Систина’’ присуствуваше и Деканот на Факултетот за медицински науки при УГД Штип, проф. д-р Милка Здравковска, која повторно ја изрази својата благодарност за можноста која КБ „Аџибадем Систина’’ ја дава на овие студенти

“КБ ‘Аџибадем Систина’ ги отвори вратите за нашите студенти во најтешките времиња кога поради ковид-пандемијата практично невозможно беше студентите да ја изведуваат праксата која им е неопходна. Заинтересираноста на сите студенти и желбата да бидат дел од Академска пракса ‘Аџибадем Систина’ е огромна и со распоредите кои во соработка со болницата ги правиме за ротација и менување на групите на студенти се обидуваме сите да ги вклучиме во овој проект кој за студентите има огромно значење и претставува предност која ќе ја поседуваат во нивниот понатамошен кариерен развој. Покрај студентите од 6. година, КБ ‘Аџибадем Систина’ од оваа година со практичните вежби ги вклучи во системот и студентите од пониските години и тоа е чекор со кој верувам дека на студентите ќе им дадеме целосна поткрепа на нивното теоретско знаење’’ – вели проф. д-р Здравковска.

Од друга страна, импресиите на студентите за поминатото време како дел од тимот на КБ „Аџибадем Систина’’ се одлични. Пред сè кажаа дека се презадоволни од целата организација на проектот Академска пракса „Aџибадем Систина’’ и начинот на беспрекорно функционирање на целиот систем во болницата. Од несебичниот труд на докторите и медицинскиот персонал да им го пренесат своето знаење и искуство, нивната ефикасност, подготвеност и брзина која во склоп со напредната технологија ја поседува болницата придонесуваат пациентите да добијат врвна грижа по светски стандарди.

Целиот систем на работа од кој бевме дел за нас беше едно сосема ново искуство и нешто со кое претходно се немаме сретнато. Присуствуваме и бевме запознаени со ретки интервенции кои се изведуваат единствено во КБ „Аџибадем Систина’’ и сме благодарни за можноста што ни беше дадена за истото, тоа е од особена важност за стекнувањето искуство додека ја градиме нашата кариера како доктори – велат студентите. 

Како посебен и интересен впечаток од поминатото време во болницата студентите ги издвоија и сите обуки и практични тренинзи кои специјално беа организирани за нив од страна на одговорните сестри за обука и медицинските сестри од интензивна нега. Студентите за време на овие вежби научија многу нови вештини, истите ги изведуваа на фантоми што за нив претставуваше ново, корисно искуство.

Академска пракса „Аџибадем Систина’’ продолжува со третата година од соработката и нова група на студенти, потенцијални идни доктори, во октомври оваа година.  

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година