02 Мај, 2024
0.0290

АКО НЕ ГО ДОБИЕМЕ ОЧЕКУВАНОТО, МОЖЕН Е ПАД: Стабилната влада на Заев во раце на ЕУ

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Постои можност проевропската влада која ја предводи премиерот Заев да падне.

Оваа опција тој ја најави како можна во Брисел доколку земјава не го добие очекуваниот датум за преговори со ЕУ, како и дека е можно тогаш на власт да се вратат националистички сили.

Како што пренесе Владата, Заев тоа го кажал во одговор на новинарско прашање какви ќе бидат последиците ако Европскиот совет не ја прифати препораката на Европската комисија Северна Македонија да отпочне пристапни преговори со ЕУ.

-Ако не го добиеме очекуваното, датум за преговори, има можност тоа да предизвика пад на владата. Оваа стабилна влада, со сите тешкотии, најверојатно веднаш ќе ја изгуби довербата во мнозинството во парламентот, бидејќи им ветивме дека ќе имаме позитивна одлука на ЕУ ако се движиме напред-кажа Заев.

Како што истакна, ако Македонија мора да оди на предвремени парламентарни избори економијата ќе запре, бидејќи никој не инвестира во време на подготовка на избори и договор околу нова влада.

-Ќе изгубиме шест месеци, а тоа за нас е најскапо време. Иако тоа е најлошата опција земјата ќе продолжи во овој правец, односно јакнење на европски идеи и јакнење на интегративниот процес на ЕУ-рекол Заев на конференцијата за новинари по форумот „Северна Македонија: забрзување на реформи, забрзување на европските интеграции“ во организација на ЕБРД и Центарот за европски политики.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање