12 Мај, 2024
0.0246

Ако пиете сируп од коприва ќе имате здрава и чиста крв

Објавено во: Стил 01 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Знаете дека кога јадете коприва, вие го зајакнувате вашиот организам со многу железо, што е важно за крвта. Но за уште посилен ефект, треба да пиете сируп од коприви.

Домашниот сируп од коприва се подготвува лесно, ако успеете да соберете 1 кг свежа коприва. Но, во моментов се продава на пазарот, така што нема да имате никаков проблем.

Потребни производи:

1 кг млада коприва

2,5 литри вода

шеќер

лимонтозу

Подготовка:

Измиије ја копривата, сечете ја на големо и прелијте со 2,5 литри ладна вода.

Ставете на шпоретот да се свари. По зоврувањето, намалете го шпоретот за да врие на тивок оган.

По 1 час тргнете од огнот и исцедете.

Кон напивката од коприва додадете шеќер. Соодносот е 500 грама шеќер на секој 1/2 литар напивка (1 кг шеќер на 1 литар).

Односно ако по готвење останале 2 литри напивка, треба да ставите 2 кг шеќер.

Измешајте добро, за да може да се стопи во топлата течност. Конечно ставете и лимонот - 1 лажица на 1 литар течност.

Прелејте ја напивката во стаклени шишиња со капачиња (од виски, вино, мастика, коњак, нане или други).

Ако во моментов немате такви шишиња, користете тегли со завртка.

Примена:

Добиениот сируп од коприва станува доста концентриран.

За да го земате треба да налеете во водена чаша 1/4 од сируп, а потоа да ставете превриена или минерална вода.

Пијте наутро на гладно по 1 таква чаша, 1/2 час пред јадење.