18 Декември, 2025
0.0874

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2024 08:59

Добивај вести на Viber

Иако се уште не е мандатар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој повеќе од веројатно ќе биде идниот премиер, во последното интервју пред два дена најави задолжување на државата од една милијарда евра, веднаш по формирањето на новата влада. 

Во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Мицкоски рече дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности. Тој најави и неколку инвестиции од кои едната во енергетиката вредна 400-500 милиони евра.

„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ за Телма тврдат дека финансиите нема да бидат земени од Кина, Турција или Русија, а на прашањето дали станува збор за пари од Емиратите, од партијата, како што тврди телевизијата, немало прецизен ниту потврден одговор.

Договарањето за овој финансиски пакет (кредит) со странската држава се одвивал за време на кампањата.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија