01 Мај, 2024
0.0267

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ: Секое утро поставувајте си ги овие прашања

Објавено во: Стил 01 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Управувањето со времето е клучно за да бидете продуктивни на работа. 

Листата со обврски е долга и мислите дека не можете да стигнете да ги завршите сите работи. 

Брајан Трејси, мотивациски говорник одвои три прашања кои секое утро треба да си ги поставувате ако сакате да бидете продуктивни. 

Првото прашање е „Кои се моите најважни активности?“. 

Ова е најважно прашање кое мора самите себе си да си го поставите и да си дадете одговор. 

Што е тоа што само јас можам да го направам и да се забележи?

Ако ова го направите добро, ќе направи голема разлика во вашиот живот и кариера. 

Како на најдобар начин да го искористам своето време?

На работа секој час мора да се искористи ефективно. 

Со овие три прашања ќе си поставите приоритети, одолговлекувања нема да има и корисно ќе го искористите своето време.