14 Ноември, 2024
0.0255

Алармантно предупредување од Светска банка: Пензискиот систем во Македонија е неодржлив на среден рок!

Објавено во: Финансии 29 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Пензискиот систем на Македонија е фискално неодржлив на среден рок, ова е заклучокот на Светска банка во последниот извештај направен за земјава. При тоа се посочува дека иако Македонија направила здрави реформски мерки во последните години, од кои некои се оценети како многу успешни, како што е елиминирањето на раната стапка на пензионирање и воведување на возрасни ограничувања кај општата инвалидската пензија, сепак, македонскиот пензиски систем е малку веројатно дека ќе може да се справи со проблемот на население кое забрзано старее. „Во отсуство на други реформи веројатно е дека ќе се случи значителен дефицит, дури и да продолжат актуелните поволни макроекономски трендови и покрај неодамнешното воведување на доброволно зголемување на возраста за пензионирање, се наведува во извештајот на Светска банка. При тоа се појаснува дека според основното конзервативно сценарио, пензискиот дефицит би достигнал 10,5% од БДП до 2030 година. Дури и во ситуација на високи стапки на раст тој ќе се искачи до 7% во периодот до 2030 година. Имплицитниот пензиски долг се проектира да остане над 400% од бруто домашниот производ, што е висока стапка споредено со меѓународните стандарди и ќе претставува големо оптоварување за идните генерации. Светска банка анализира и дека придонесот кон вториот столб е премал за да даде принос кој ќе овозможи компензирање на намалените бенефити од столбот на генерациска солидарност за учесниците во повеќе столбови. „Дефицитите во столбот на генерациска солидарност на краток и среден рок ќе ги „исцрпуваат“ јавните средства и ќе го пролонгираат зголемувањето на стапката на придонес за вториот столб. Како последица од тоа, великодушните пензии само кај столбот на генерациска солидарност можат да доведат до социјално неодржливи пензии кај повеќе столбови во иднина, се вели во извештајот на Светска банка. ТРОШОЦИТЕ ЗА ПЕНЗИИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ Во анализата на пензискиот систем, Светска банка посочува дека трошоците на Македонија за пензии, од аспект на БДП во 2014 година изнесуваа 9,6%, што е малку над просекот од 9,2% карактеристичен за државите од централна и југоисточна Европа. „Иако пензиските реформи во Македонија беа добро планирани и успешно имплементирани, законската обврска за пензионирање на 64 годишна возраст за мажи во моментов е најниска во регионот, а возраста од 62 години за жените е втора најниска кај државите од централна и источна Европа. Стапката на доспевање од 1,6 е највисока и начините на индексирање на вреднувањето/ валоризирањето на платите и швајцарското индексирање се највеликодушни ако споредиме со државите од централна и источна Европа, се посочува во извештајот. ДЕФИЦИОТ ВО ФОНДОТ ЗА ПИОМ РАСТЕ Зголемувањето на пензиите изминатите години, како и намалувањето на стапката на придонеси  кои се уплаќаат во пензискиот систем, дополнително ја усложнуваат состојбата. „Владата неколку пати ги намали стапките на придонеси со цел овозможување помали трошоци за работодавачи и унапредување на конкурентноста на работната сила. Во 2009 година стапката на придонеси за столбот на генерациска солидарност беше намалена од 21,% на 19%, а потоа и на 18% во 2010 година. Ова доведе до намалување на приходите од придонеси за 1,15% од БДП97 и доведе до зголемување на вкупниот дефицит во столбот на генерациска солидарност, кој во 2011 година достигна 3,7% од БДП. Како последица на намалување на придонесите, Македонија има едни од најниските стапки на придонеси за пензиско осигурување во Европа и централна Азија, и пониски стапки од неа имаат само Косово и Казахстан.  Владата спроведе серија на мерки со кои се овозможи подигнување на старосната граница за пензионирање на дополнителни три години, и тоа по желба на работниците (сите работници), што може да доведе до одредени подобрувања,оценува Светска банка. Како резултат на овие промени, од 2007 година досега се забележува зголемување на пензискиот дефицит. „Од аспект на бруто домашниот производ, овој дефицит се зголеми од 2,9% во 2007 година, на 4,5% во 2013 година. Во овој период пензиските приходи се намалија од 5,9% на 5,7% како удел во БДП, анализра Светска банка. ПОСТАРИТЕ ЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА Е ПОМАЛКУ ВЕРОЈАТНО ДЕКА БИ БИЛЕ СИРОМАШНИ ВО СПОРЕДБА СО ПОМЛАДИТЕ Светска банка оценува дека се забележува зголемување на сиромаштијата кај населението на возраст од 65 години и повеќе во периодот 2010-2012 година, но, истата и понатаму е на најниско ниво споредено со сите други возрасни групи. И покрај постојаното зголемување на пензиите во изминатите години, стапката на ризик од изложеност на сиромаштија кај постарите лица се зголеми од 18,5% во 2010 година, на 22,3% во 2012 година, се посчува во извештајот. Сепак, се додава дека постарите лица се група за која е најмалку веројатно дека би се соочила со сиромаштија затоа што стапката на сиромаштија е значително под вкупниот просек од 26,2% или просекот од 31,5% кај младите (на возраст од 0 до 17 години) во 2012 година. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

„БИЗНИСОТ ИМА ПОТРЕБА ОД ТИЕ ПАРИ“: Азески е оптимист дека ќе се најде решение на средбата меѓу Владата и банките

„БИЗНИСОТ ИМА ПОТРЕБА ОД ТИЕ ПАРИ“: Азески е оптимист дека ќе се најде решение на средбата меѓу Владата и банките

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ ПО ИЗБОРНАТА „ЕУФОРИЈА“: растот на американските индекси запре, ФЕД најави намалување на каматната стапка

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ ПО ИЗБОРНАТА „ЕУФОРИЈА“: растот на американските индекси запре, ФЕД најави намалување на каматната стапка

КОЈ МАКЕДОНСКИ ФУНКЦИОНЕР СЕ ОПАРИ ОД РАСТОТ НА БИТКОИНОТ? Десетте биткоини денес му вредат 890 илјади долари!

КОЈ МАКЕДОНСКИ ФУНКЦИОНЕР СЕ ОПАРИ ОД РАСТОТ НА БИТКОИНОТ? Десетте биткоини денес му вредат 890 илјади долари!

ОВОЈ СТАР МИЛИОНЕР ПРЕЗЕДЕ РАДИКАЛЕН ПОТЕГ И ПРЕДИЗВИКА ОПШТА ПАНИКА: Знае ли нешто што ние не знаеме? Веќе продаде половина од својот удел во Apple, еве што е следно

ОВОЈ СТАР МИЛИОНЕР ПРЕЗЕДЕ РАДИКАЛЕН ПОТЕГ И ПРЕДИЗВИКА ОПШТА ПАНИКА: Знае ли нешто што ние не знаеме? Веќе продаде половина од својот удел во Apple, еве што е следно

Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица

ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица

ЕВЕ ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ АКО СЕ ПРИФАТАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ – ќе биде ли изгласан законот на опозиционерите?!

ЕВЕ ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ АКО СЕ ПРИФАТАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ – ќе биде ли изгласан законот на опозиционерите?!

ВО КОПАОНИК ПОВЕЌЕ НЕМА МЕСТО ЗА ЗИМСКИ ОДМОР! Еве ги детално цените за сместување и скијање за претстојната сезона

ВО КОПАОНИК ПОВЕЌЕ НЕМА МЕСТО ЗА ЗИМСКИ ОДМОР! Еве ги детално цените за сместување и скијање за претстојната сезона

Кои скопски хотели прават профит од 2,6 милиони евра за девет месеци?

Кои скопски хотели прават профит од 2,6 милиони евра за девет месеци?