Албанците ќе ја преплават Црна Гора со своите знамиња?
Објавено во: Балкан 07 Декември, 2018
Албанците се обвинети дека ги кршат законите на Црна Гора, а тие велат дека албански знамиња допрва ќе се веат.
Ник Џелошај, претседателот на партија на Албанците во Црна Гора, Албанска алтернатива, ги повика сонародниците да продолжат да го истакнуваат албанското знаме, а ако бидат казнети, казните ќе им ги плаќа неговата партија.
Тој порача дека ни полицијата ни судовите не можат да ги сопрат Албанците да го носат своето национално знаме и, како што кажа, да ја устакнуваат својата љубов кон него.
„Колку и да се ангажирани, не се во состојба да казнуваат колку што сме спремни да платиме, за да го одбраниме нашето знаме, нашата гордост која ги врзува Албанците насекаде. Албанските знамиња допрва ќе се веат во Црна Гора“, кажа претседателот на АА, а пренесуваат црногорските медиуми.
Џелошај кажа и дека Албанците се автохтон народ во Црна Гора и дека ја почитуваат како своја држава.
Тој ги повика Албанците кои ќе бидат казнети поради тоа, како што кажа, што се сакаат себе и своето знаме, да ѝ се јават на Албанска алтернатива за да ги преземат сите трошоци што ги имаат сѐ додека политичките претставници на Албанците не го решат тој проблем на институционален начин.