Американските твитерџии со остри критики до Трамп
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика бес помеѓу корисниците на социјалните мрежи, откако на својот Твитер профил објави фотографија со полициските службеници кои реагираа на масакарот од средата во училиштето во Паркланд, Флорида каде загинаа 17 лица. Имено на фотографијата претседателот со широка насмевка стоејќи до полициските службеници го покажува десниот показалец или познато како thumbs-up.
Многу луѓе остро го искритикуваа Трамп за оваа негова гестикулација, кој тој ја направил за време на посетата на Канцеларијата на Шериф Каунти Бровард во петокот.
Меѓу првите кои ја споделија и искритикуваа фотографијата беше репортерот на Вашингтон пост, Марк Берман.
Дел од твитовите изгледаат вака :
„Трамп само што ја промени позадината на Твитер за да се насмее и да даде палец, додека се сретнува со луѓе кои што реагираа на смртоносно пукање и масакар во училиште.“
„Каков Злобен изговор за еден човек... целосно бездушен.“
„Би сакала да можам да кажам дека сум изненадена, но од овој социопат не сум воопшто.“
Твитерџиите во Америка гневни го обвинија Трамп дека е “глув“ и нема емоции и сочувство за настраданите и нивните фамилии.