АНКЕТА: Кои лидери се најдобри за Србите?
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2016
Граѓаните на Србија велат дека за нив најдобар политички лидер бил Јосип Броз Тито.
Според мислењата на анкетираните, зад него е актуелниот премиер Александар Вучиќ. Оваа анкета ја направи Демостат во 2016 година.
Според српски „Блиц“, кои имале увид во резултатите, на листата следува поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а далеку зад него е некогашниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ кој добил 3% гласови. Борис Тадиќ и Воислав Коштуница добија по 2% гласови.
Во рангирањето на шест лидери, Тито има предност кај сите образовни групи, а Вучиќ само кај среднообразованите испитаници – 28 во однос на 25%.
Анкетата со 1.500 испитаници е направена „лице-во-лице“. Опфатени се и теми – како живеат граѓаните на Србија, имаат ли надеж во промени на подобро, однос на граѓаните кон демократијата и политичките партии, но и за шанси за изборите идната година.