02 Мај, 2024
0.0266

АНКЕТА ВО ГРЦИЈА: Мнозинството не прифаќаат име со термин Македонија

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Повеќе од половина Грци не прифаќаат терминот „Македонија“ да стои во конечното решение за името на нашата земја, а само тројца од 10 Грци прифаќаат сложено решение за името. 

Од испитаниците, 77% сметаат дека е важно да се реши прашањето за името. 

Ова го покажуваат резултатите од анкета на јавното мислење во Грција, направена  од грчката фондација за надворешна политика „Елиамеп“ во соработка со Универзитетот „Македониа“, во рамки на програмата „Дијалог во Југоисточна Европа“ на Универзитетот „Колумбија“.

Анкетата која е спроведена на репрезентативен примерок од 1.000 лица, покажува дека со официјалната грчка позиција, односно сложено име со терминот „Македонија“, се согласуваат само 28% од испитаниците, додека дури 57% бараат конечното решение на името воопшто да не го содржи терминот „Македонија“. Само 10% поддржуваат Македонија да го задржи уставното име.

Одолжувањето на решавањето на спорот, според 71% од анкетираните, ѝ наштетува на Грција.

Мнозинството од испитаниците не се оптимисти дека односите меѓу двете страни ќе се подобрат во следните години и главно веруваат дека ќе останат како што се или, пак, ќе се влошат. Но, 51,5% сметаат дека решението за името би им било од корист и на двете страни.

Мнозинството Грци имаат негативно мислење за Македонија. Само 7,5% од испитаниците ја гледаат нашата земја позитивно, додека 61,5%  имаат негативно мислење за Македонија.

Од македонска страна, според слично истражување кое беше спроведено во Македонија во рамки на истата програма на Универзитетот „Колумбија“, 69,7% изјавиле дека имаат негативно мислење за Грција. Сепак, грчкиот негативен став, скептицизмот и непријателскиот однос кон странските држави изгледа како тренд меѓу грчкиот народ. Резултатите покажуваат дека 69% од Грците имаат негативен став за Турција, 56% негативен став за Германија и 51,5% негативно мислење за Европската Унија.


Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат