02 Мај, 2024
0.0261

Антивладините демонстрации продолжуваат во Бугарија

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Антивладините демонстрации во Бугарија продолжуваат и во главниот град Софија се собраа илјадници луѓе кои ги поддржа и православната црква.

Слогани како „Мафија“ и „Оставка“ извикуваат веќе една недела илјадници Бугари, кои се собираат на протести пред парламентот и владините институции во Софија.

Тие со погрдни зборови се обраќаат до новата владина коалиција од социјалистите и партијата на турското малцинство (ДПС). Тие бараат оставка на новата влада, само три недели откако ја презеде власта.

Во текот на ноќта демонстрантите ја блокираа најголемата крстосница во главниот град. Нивно главно барање е премиерот Пламен Орешарски веднаш да се откаже од власт и да се организираат нови избори.

Исто така во повеќе други бугарски градови се одржаа протестни манифестации.

Европската комисија ја следи ситуацијата во Бугарија

„Последните настани предизвикуваат загриженост меѓу европските партнери на земјата“, изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо за време на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Пламен Орешарски кој престојува во посета на Брисел.

Меѓу причините за загриженоста, како што пренесува агенцијата Фокус, е последното именување на раководната функција на централната безбедносна агенција на Бугарија.

Бугарското Народно собрание ја поништи во средата попладне одлуката за именувањето на контроверзниот пратеник Делјан Пеевски за шеф на Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), што минатиот петокот го потврди самиот парламент, предизвикувајќи бурни реакции и запрепастувања во јавноста.

Одлуката беше поништена едногласно, меѓутоа пратениците од најмногубројната пратеничка група од центристичката партија Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов ја бојкотираа седницата на парламентот.

Во врска со тоа челникот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо истакнал дека и покрај борбата за власт на партиите, што е сосема нормално за демократски системи, важно е меѓу политичките сили да има минимален национален консензус, а државните институции да не бидат подложени на сомнеж.

Баросо, исто така, додал дека ЕК не ги поврзува Бугарија и Романи во нивните напори да влезат во Шенгенската зона. Според него, ЕК ги оценува објективно и засебно и двете влади.

„Иако ЕК дава препораки, ги поттикнува и ги помага земјите во спроведување на реформите, таа не се меша во внатрешната политика", истакнал претседателот на Европската комисија.

Додал дека оваа Комисијата продолжува да ја следи борбата на Софија и Букурешт против организираниот криминал и корупцијата, и во таа смисла Механизмот за соработка и верификација за двете земји треба да продолжи да дејствува.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф