Арбер Адеми предизборно ги промени имињата на две училишта во Чаир
Објавено во: Македонија 03 Март, 2020
Арбер Адеми, министерот за образование, предизборно објави дека се променети имињата на две основни училишта во скопски Чаир.
„Откако ги потпишав неопходните акти, конечно заврши прашањето за именувањето на училиштата во Чаираир. „Никола Вапцаров“ сега официјално ќе се вика „Имри Елези“. Исто така, „Рајко Жинзифов“ сега официјално ќе се вика „Исмаил Кемали“, објави Адеми.
Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите се уште стоеја старите називи.