29 Април, 2024
0.0252

Археолозите открија една од најголемите гробници на Маите

Објавено во: Стил 11 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во гробницата откриле тело на маж, коски од животни и хиероглиф натписи.

Цивилизацијата на Маите, историјата и начинот на живот продолжуваат да предизвикуваат сериозен интерес. Меѓународен тим од археолози во Белизе отвори една од најголемите царски гробници на Маите. Гробницата е откриена во Шунантунич - древен град во Белизе кој некогаш служел како церемонијален центар на Маите. Таа се наоѓала под скалите на храмот.

„Станува јасно дека храмот е подигнат со главна цел да ja опкружува гробницата" - објаснува шефот на екипата, Џејми Оу.

Научниците веруваат дека гробницата била изградена за маж на возраст меѓу 20 и 30 години, кој најверојатно бил важна фигура, иако допрва треба да се открие повеќе информации за неговиот живот. Заедно со неговите останки истражувачите откриле коски на јагуар и елен.

„Највозбудливото во отворањето на оваа гробница е дека тука работеле археолози уште од 1890 година" - вели Оу.

Најважното откритие во внатрешноста на гробницата веројатно се хиероглифи натписи поврзани со династија која управувала со империјата на Маите пред околу илјада и триста години.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти