01 Мај, 2024
0.0290

Арсовска најавува 250 нови еколошки автобуси, Шилегов вели дека нудела проекти за потсмев

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како и средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните, се клучни проекти од програмата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Таа денеска ги презентираше на прес конференција. Рече дека Скопје има егзистенцијални проблеми кои мора да се решаваат. 


„Јавниот превоз не е само проблем сам за себе. Тоа што тој е нефункционален, нередовен и скап, создава сериозна потреба граѓаните да ги користат исклучиво своите возила. Тоа создава дополнителен проблем, односно преоптеретување на градските улици. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. А решение е набавка на нови 250 еколошки автобуси, дел на електрични напојување, дел на природен енергенс. Ова ќе чини далеку поевтино од секакви големи проекти а ќе значи решавање на децениски проблем во Скопје, рече Арсовска.
Веднаш реагираа од спротивниот табор. Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник од СДСМ Петре Шилегов вели дека проектите на Арсовска се за потсмев.


„Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти на кој никој не верува и служат за потсмев на социјалните мрежи. Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси. Во отсуство на конкретни решенија што се одлика на лоши и неподготвени кандидати таа мисли дека со мегаломански ветувања ќе го покрие своето незнаење и безидејност. Утопија се овие ветувања на Арсовска, додека готовиот план за Бас рапид системот се реалност која веќе се реализира“, реагира градоначалникот Шилегов.


Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски