28 Април, 2024
0.0270

Атрактивниот Jeep Compass отпатува за Дарко Новак од Струга

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во присуство на тричлена комисија во просториите на Халкбанк АД Скопје, по случаен избор по електронски пат беше извлечен Дарко Новак од Струга како добитник на главната награда Jeep Compass од тримесечната наградна игра на Халкбанк и Mastercard - Скокни во Халквантура“.

Среќниот добитник денес допатува во Скопје да ја подигне наградата и воедно да се запознае со одговорните лица кои стојат зад оваа наградна игра.


„Искрено сум благодарен на оваа посебна прилика во мојот живот. Не сум човек кој вообичаено и често учествува на наградни игри, меѓутоа ете, токму кога се одлучив, ми се насмевна среќата. Сум сменил повеќе банки досега, меѓутоа од услугата на Халкбанка навистина сум презадоволен уште пред учеството во наградната игра. Од срце им благодарам на соработката, а особено сакам да ја изразам мојата благодарност до вработените во филијалата во Струга кои ми ја соопштија оваа радосна вест“, рече среќниот добитник Дарко Новак.

Ова инаку е втора наградна игра на Халкбанк, по минатогодишната „Вози Мини со три дисциплини“, каде главната награда беше фантастичниот автомобил Mini One.


На примопредавањето на годинешната главна награда Jeep Compass, главниот извршен директор на Халкбанк, д-р Билал Суџубаши истакна дека организирањето на ваквите наградни игри е токму со цел да се наградат лојалните корисници на услугите на банката, а воедно го изрази своето задоволство дека атрактивниот Jeep Compass паднал токму во рацете на еден од најлојалните клиенти на Халкбанк.

Инаку наградната игра започна на 1-ви октомври, а право на учество имаа сите физички лица,клиенти на Халкбанк, кои во времетраењето на наградната игра направијанајмалку 10 трансакции содебитните и/или кредитните платежни картички Mastercard и кои до завршувањето на наградната игра, беа корисници на минимум две од посочените услугите на банката.

Покрај главната награда Jeep Compass, Халкбанк додели и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари, а листата на добитници може да се погледне на следниот линк.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг