29 Април, 2024
0.0255

AVON со нова кампања за борба против рак на дојка

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

#ПаузаЗаПреглед: Право на секоја жена е да одвои време за себе и за своето здравје!

„Немам време“ е фразата која многу жени често ја користат за да ги одложат важните медицински прегледи за превентивна здравствена заштита. Тоа се должи не само поради преокупираноста со работните и домашните обврски, туку и поради давањето приоритет на здравјето на нивните деца, родители, па дури и на партнерот.

Тоа мора да се промени! Време е да се најде време и за себе!

Ракот на дојка е најчестиот вид на карцином дијагностициран кај жените, но откривањето во раната фаза ги зголемува шансите за успешно лекување. За да може рано да се открие, неопходно е добро да ги познавате вашите гради и редовно да ги проверувате за невообичаени појави.

Октомври традиционално се одбележува како месец посветен на борбата против ракот на дојка и затоа во текот на овој месец ќе бидат одржани неколку активности чија цел ќе биде подигање на свеста за рано откривање и лекување на ракот на дојка.

“Изминативе 27 години, AVON со својата Фондација за жени се посветени на здравјето на сите жени, а во 2019 година AVON уште еднаш ја потврдува својата заложба со кампањата за подигнување на свеста за ракот на дојка, наречена #ПаузаЗаПреглед. Ние стоиме зад тоа и потврдуваме дека одвојувањето на време за себе е право на секоја жена.  Тоа е ветување што жените треба да си го направат сами на себе. Превентивната грижа за здравјето е сечие право. Проверката на вашите гради може да ви го спаси животот.” – изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во АVON Македонија.

“Жените како Јулија Цигарида, Амбасадор на хуманоста во AVON за 2018та година и која на свои 29 години се соочи ракот на дојка и успеа да го победи, се инспирација за секоја жена и токму поради тоа, таа е предводникот на овогодинешната кампања на АVON. Партнер на кампањата, како и секоја година, е невладината организација за борба против рак БОРКА – за секој нов ден која е бестрашен застапник на правата на пациентите заболени од рак.” – продолжува Стојкова.

Бројот на жени со дијагностициран рак на дојка на глобално ниво се зголеми двојно во текот на изминатите 10 години, а само во Македонија, секој ден се дијагностицирани четири нови случај на рак на дојка. Оваа болест е одговорна за околу 279 смртни случаи годишно на светско ниво. Со навремено дијагностицирање на болеста овие бројки би можеле драстично да се намалат.

Кампањата #ПаузаЗаПреглед е уште еден дел од мисијата на AVON за борба против ракот на дојка, чија цел е да се осигура дека сите жени ги знаат ризиците, да ги препознаваат знаците и да знаат како да преземат акција против оваа тешка болест.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг