БАЛКАНОТ ДА СЕ ПОДГОТВИ: Еве што се очекува на пролет
Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2018
На пролет Балканот ќе се соочи со поплави.
Топлите пролетни температури многумина ги очекуваат со воодушевување, но тие со себе во некои делови на Европа, посебно на Балканот, ќе донесат опасни бури и поплави, објавил во големата прогноза за пролет метеоролошкиот сервис “AccuWeather“.
Подрачјето од Германија па сè до Белорусија и Украина ќе биде изложено на екстремни временски услови и олуји, додека обилните дождови ќе доведат до голема опасност од поплави на Балканскиот полуостров.
Бурите и силните ветрови нема да бидат невообичаена појава во пролетните месеци на подрачјето на Германија и Полска, а не се исклучени ни разорни олуји, пишува метеорологот на “AccuWeather” Тајлер Ројс.
На западот на Европа се очекува сува и топла пролет, дури и натпросечно топла.