ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји
Објавено во: Финансии, Балкан 09 Мај, 2024 11:59
ХДЗ и ДП се договорија за поделба на министерствата и државните претпријатија, па се очекува наскоро да се соберат потписи за формирање на идната влада. По тој повод хрватските медиуми ги пресметаа и платите на пратениците низ регионот.
Како што пренесува Индекс, наводниот вистински шеф на ДП Марио Радиќ најави една од првите политики на новото владејачко мнозинство - подготвен е да влезе во владата и да работи без плата бидејќи парите не му требаат, но бара значително зголемување на платата за сите останати.
- Нека пукаат и нека ме нападнат, но веднаш ќе го спроведеме тој непопуларен потег од кој сите се плашат. За овие плати едноставно не може да се добијат квалитетни луѓе кои сериозно би се зафатиле со работа во министерствата - рече Радиќ.
Истовремено, тој ја потврди информацијата дека Татковинското движење во преговорите со ХДЗ се залага за повисоки плати на функционерите, не само министрите, туку и премиерите и државните секретари.
Премиерот Андреј Пленковиќ во своето обраќање потврди дека ќе се зголемат платите на министрите.
Според она што го објавуваат хрватските медиуми, платите на министрите почнуваат од 2.500 евра, па се движат се до 3.500.
Понатаму, тие ги споредија платите на премиерите и министрите во соседните земји и во неколку земји со сличен развој во Европа, со цел да се утврди дали хрватскиот премиер и министри се навистина недоволно платени.
За да се стават платите во контекст на секоја земја посебно, пресметан е односот на платите на министрите со просечната плата во земјата, односно еквивалент на тоа колку просечни плати заработуваат министрите.
Платата на премиерот Андреј Пленковиќ е 4.646 евра бруто месечно. Ова е повисока плата од премиерите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија и Словачка. Таа е слична на платата на премиерот на Полска и многу помала од премиерот на Унгарија, Чешка и Естонија.
Со просечна плата меѓу 3.500 и 4.000 евра бруто, министрите во Хрватска имаат плата околу 2,2 пати поголема од просечната државна плата. Во апсолутна сума, нивната плата е повисока од платите на нивните колеги во Словенија и е релативно повисока во однос на просечната плата во земјата, 2,2 пати наспроти словенечката 1,6 пати.
Министрите во Полска имаат малку повисоки плати од министрите во Хрватска, како и премиерот, 2,3 пати повисоки од просечната нето плата. Апсолутен рекордер е Унгарија, каде министрите имаат плата 6,5 пати поголема од просечната државна плата, а премиерот уште повеќе. Во Чешка, Албанија и Естонија платите на министрите во однос на просечната државна плата се исто така далеку повисоки отколку во Хрватска.
Во Србија платата на министрите е приближно иста со просечната плата во земјата, пренесува „Блиц.рс“.
Аргументот за високите плати на премиерите, министрите, државните секретари и другите функционери е дека тие ќе бидат помалку подложни на корупција.
Очигледно не постои правило за висината на платите на премиерите, министрите и другите државни функционери, но не држи вода аргументот дека високите плати служат за намалување на нивната мотивација за коруптивни постапки. Едноставно има премногу примери на корумпирани држави со релативно високи плати за министри.
Фото: Принтскрин/Твитер
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





