10 Мај, 2024
0.0246

Баша го обвини Рама дека создал криминална држава

Објавено во: Балкан 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Љуљзим Баша лидерот на албанскиот опозициски фронт упати тешки обвинувања на сметка на актуелниот премиер Еди Рама дека Албанија ја претворил во криминална држава и дека под негово водство не може да се организираат фер и регуларни избори.

- Светот на криминалот е единствена надеж за Еди Рама за да се спаси од судот на изборите. Рама се обидува да ја одбрани државата на криминал што тој ја создаде и со која владее овие четири години, рече Баша. 

Како што јави дописникот на МИА, изјавта на Баша следеше по пораката на Рама дека формирањето техничка влада, што го бара опозицијата, нема да се случи и оти парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 18 јуни, дури и ако на нив не учествуваат опозициските партии.

Баша посочи дека Владата на Рама единствено е во слжуба на криминалот, а ни најмалку во служба на граѓаните и нивната благосостојба.

Тој уште еднаш повтори дека услов за решавање на политичката криза во земјата е формирање техничка влада.

- Нашиот услов, за кој нема преговори, е слободни и фер избори, кои не може да бидат организирани од Влада и премиер, кои се поврзани со главата и со нозете на криминалот. На техничката влада ќе и бидат доволни само сто дена за да ги раскине сите врски на земјата со организираниот криминал, смета лидерот на албанските демократи.

Според Баша, Албанците не се поделени, туку се единствени како никогаш до сега и од ден на ден се „се повоинствени во барањето за слободни избори, што во исто време ќе значи и нивна слобода“.  

Можеби ќе ве интересира

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“