10 Мај, 2024
0.0288

БЕБЕТО И ДЕВОЈЧЕТО СО ПЕРТУСИС НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ПРИМААТ ТЕРАПИЈА И СЕ ВО ДОБРА СОСТОЈБА: Се чека одлуката од Влада дали ќе прогласи епидемија на голема кашлица

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Во Македонија во моментов има 18 случаи заразени со пертусис или голема кашлица, од кои 14 се во Скопје. Двете пациентчиња кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести ја примаат потребната терапија веднаш по дијагностицирањето на болеста и се во добра состојба.

-Бебето кое е примено минатиот четврток е во изолација, односно е во болничка соба во која нема други пациенти. Пациентчето кое има само шест недели ја прима потребната терапија веднаш откако му е дијагностицирана големата кашлица со ПЦР тест, значи веќе неколку дена и неговата состојба е добра. Од завчера е хоспитализирано 4,5 годишно девојче заради друго заболување, односно тромбоцитопенија, но заради респираторна симптоматологија се направени дополнителни испитувања, со што се покажа дека е позитвно на бактеријата Bordetella pertussis. Инаку девојчето е комплетно вакцинирано, заради што и нема карактеристични симптоми на голема кашлица. Веќе ја прима потребната терапија и тоа е во добра состојба. Она што би сакала да го истакнам е дека вакцинацијата е од исклучително значење бидејќи колку е поголем опфатот на вакцинирани деца, толку помала е и трансмисијата и концентрацијата на самата бактерија. Малиот процент на имунизирани деца го прави сосема спротивното, вели во изјва за Фактор, д-р Весна Мицевска, специјалист педијатар-пулмолог.

Инаку, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија на голема кашлица на подрачјето на Град Скопје, сега се чека на одлуката на Владата.

Според здравствените власти опфатот со вакцинација против пертусис не е на задоволително ниво, па како што вчера истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, фокусот треба биде токму на ова со цел да се поправи тоа што е испуштено во изминатиот период.

-Ќе ги повикуваме сите кои пропуштиле вакцинација предвидена со редовниот календар, ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени, и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација. Исто така, препорачуваме забрана за прием на деца невакцинирани со пертусис во градинки и очекуваме овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација бидејќи фокусот е на заштита на најмалите. Оваа болест е најтешка за најмалите. Вакцинацијата според редовниот календар почнува во втори месец и ние ги повикуваме сите родители да се придржуваат на овој дефиниран распоред, бидејќи дури и една доза значително ги заштитува вакцинираните од сериозен тек на болеста“, изјави д-р Петличковски.

Препораки од Комисијата за заразни болести:

Се препорачува ЦЈЗ Скопје да прогласи епидемија на голема кашлица на територија на Скопје.

Институтот за јавно здравје да изработи стручно упатсво за постапување во услови на епидемија на голема кашлица.

Се повикуваат родителите на невакцинираните децата со ДиТеПер вакцина, кои од било која причина ја пропуштиле редовната вакцинација, ВЕДНАШ да се јават во вакциналниот пункт во кој припаѓаат и да ги надополнат пропуштените дози согласно Календарот за имунизација.

Службите за вакцинација/вакциналните пунктови ќе работат со засилен интензитет во две смени и сабота во една смена, со цел овозможување побрза вакцинација на пропуштените деца како противепидемиска мерка.

Се забранува прием и престој во детска градинка на невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца, согласно возраста во Календарот за имунизација.  

Дијагностицираните лица со голема кашлица, да се изолираат во домашни услови најмалку 5 дена од започнување на препорачаната антибиотска терапија.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“