10 Мај, 2024
0.0266

БЕГАЛЦИТЕ НЕМА ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА НОВО РАЗГОРУВАЊЕ НА КОВИД: Епидемиолошката состојба во Европа се смирува, но ќе има други проблеми, проф. Пановски

Објавено во: Свет 02 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Бројот на бегалци од Украина се поголем. Се проценува дека само за четири дена, од почетокот на војната, земјата ја напуштиле повеќе од половина милион луѓе. Во услови кога пандемијата на корона вирусот не е завршена, многумина стравуваат и од можно пролонгирање на крајот на Ковид-19, токму поради масовното движење на стотици илјади луѓе од една земја во друга. Сепак, според професорот Никола Пановски, со кого разговаравме, епидемиолошката состојба во моментов се смирува насекаде и не постои силен ризик од повторно разгорување на вирусот на подрачјето на Европа, ниту пак постои опасност од нова мутација на Ковид-19.

-По Кина, европскиот континет беше втор епицентар на пандемијата на корона вирусот, но тоа беше точно пред две години. Иако официјално не е ставен крај на Ковид-19, епидемиолошката состојба е далеку поинаква од тоа што го имавме. Генерално нема ризик за нови жаришта во Европа иако во моментов маса луѓе бегаат од завојуваните подрачја. Не верувам дека во Полска, каде што во моментов најмногу бараат засолниште, ќе има повторно шанса да се разгоре вирусот. Тоа нема да се случи ниту во Украина, каде што во моментов никој не ни размислува за антиковид мерки, што е сосема нормално во ситуација кога им се случува нешто многу пострашно, односно војна. Нема ризик ниту од нова мутација која би направила некои поголеми проблеми. Но, за жал постојат други проблеми при вакви хуманитарни катастрофи. Најмногу страдаат повозрасните. Менталните болести се на врвот поради сите преживеани моменти при тоа долго патување во неизвесност. Што се однесува пак до конкретно хоспитализираните пациенти поради компликации од корона, ќе има поголеми проблеми. Во Украина веќе недостасува кислород, а од друга страна, болниците се полнат и со ранети пациенти од војната. Тоа е навистина загрижувачка состојба, вели професорот Пановски.

Во однос на контролирањето на корона вирусот, деновиве камерите на многу светски телевизиски сервиси забележуваат дека при влезот во Полска, на пример, постојат пунктови каде што на бегалците им прават тестирања за Ковид-19. Здравствените власти во земјите кои масовно ги згрижуваат луѓето од Укарина, ги преземаат сите заштитни мерки и од Ковид-19.

Освен тоа,ЕУ вчера објави дека на бегалците од Украина ќе им биде дозволено да останат три години во замјата-членка во која избегале од војната, а веќе се работи на нацрт-предлози со кои освен што ќе им се обезбеди заштита, ќе може да работат во блокот од 27 земји-членки до три години. „Сите земји-членки на ЕУ се подготвени да прифатат бегалци од Украина“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, додавајќи дека земјите-членки „стојат во солидарност со народот на Украина“.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата