02 Мај, 2024
0.0294

Белград е епидемиолошка бомба, се наоѓаме на работ: Д-р. Кон за состојбата со корона вирусот во Србија

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Има места во Белград каде што вирусот може да експлодира, изјави српскиот епидемиолог Предраг Кон, кој предупреди дека главниот град на Србија е епидемиолошка бомба. Утринава за РТС, Кон истакна дека моменталната состојба со Ковид-19 е многу сериозно прашање.

-Епидемиолошката крива се стабилизира, но одиме по самата ивица. Во моментов, Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде вирусот одеднаш може да започне да се пренесува. Апелирам на почитување на мерките и на вклучување на сите инспекциски тела, комуналната полиција и сите оние кои треба да контролираат дали се спроведуваат мерките, да нема случајно продолжено престојување во барови, кафулиња, што може да се види и за што имам пријава и извештај. Многу е важно да се разбере, ние сме сега за време на викендот, тоа беше времето кога порано го решававме со полициски час. Сега тоа го нема и имаме само сопствена свест и многу е важно да ја контролираме, изјави д-р. Кон.

Тој нагласи дека е многу важно да се разбере моментот дека вирусот е кај луѓето и дека релативно слободно се пренесува, пред се поради тоа што веќе нема полициски час во Србија, нагласувајќи дека е задолжително да се носат маски и во затворен и на отворен простор, секаде каде што нема безбедно растојание. 


Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат