11 Мај, 2024
0.0301

Беше пред исклучување од партијата, Ременски сега си го ажурираше членството во СДСМ

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Екс пратеничката и министерка од СДСМ Фросина Ременски ги повика граѓаните да го ажурираат членството во СДСМ. Таа го следи примерот на многу нејзини сопартијци, видни членови на партијата и со објави на фејсбук информираше каде и како може да се стори ажурирањето на членството.
„Голема е заинтересираноста и на нови млади членови, кои секојдневно се приклучуваат кон нашето социјалдемократско семејство. Над 55000 членови досега го ажурирале своето членство. СДСМ расте, СДСМ победува но и се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата, напиша Ременски на фејсбук.

Самата е доста активна на фејсбук во последниот период, но објавата за СДСМ доаѓа само нешто над една година откако актуелниот лидер Зоран Заев рече дека таа можно е да биде отстранета од партијата. Неговиот коментар следуваше откако Ременски се најде меѓу осомничените за измама во истрага на Јавното обвинителство. 

„Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинeто во тој случај ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност. Ова го изјави премиерот Зоран Заев, запрашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност, рече Заев во октомври 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори