29 Април, 2024
0.1230

Билјана В. Трендафилова ги поместува разбирањата за професијата новинар

Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

,,Новинар, уредник, творец, пријател, мајка, а сега и автор на книга,, – така беше најавена Билјана Василева Трендафилова на вчерашната промоција на нејзината книга со наслов: Менаџирање и развој на човечките ресурси во медиумите. Промоцијата се одржа вчера, 21.12.2015 во ЕУ инфо центарот, а книгата е издадена од Издавачкиот центар ТРИ.

Имено, отскокнувајќи со својата постојаност, прецизност и аналитичност, Трендафилова изгради завидна новинарска кариера токму во време на предизвици кои како што беше истакнато на промоцијата на книгата од страна на рецезентот проф. д-р. Јован Пејковски -  ,,го ставија новинарството пред изразено одговорна улога на силен чинител на економските и политичките апсекти во општеството,,.

Билјана Трендафилова има создадено илјадници дебатни економски и политички емисии,  вести и теми кои ја чинат нашата слика и разбирање на општата реалност. Умее на едноставен начин да ја пренесе на пошироката јавност и најкомплицираната анализа, при тоа градејќи чувство на непосредност со соговорникот и со публиката истовремено. Нејзината суптилност но и продорност во темите кои ги обработува ја градат нејзината специфика како новинар, но и како човек, - истакна во своето обраќање проф. Каракамишева во улога на промотор на делото на Трендафилова.

,,Оваа книга е логичен исчекор напред, компилација од мојот академски и професионален стремеж да создавам, анализирам и истражувам. Сметам дека оддржливиот развој на медиумите треба да е заснован на соодветниот менаџмент на човечки ресурси и преку оваа книга го праќам токму тој апел,, - објасни Трендафилова во своето обраќање во кое даде и ветување дека ова е прво дело во низата на книга кои следат.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024