02 Мај, 2024
0.0356

Бисквити од Жито Лукс

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемиот македонски производител на леб Жито Лукс, која на пазарот успешно функционира како лидер веќе седум децении, го проширува своето производствено портфолио со осум нови производи во сегментот бисквити.

„Анализата на пазарот покажа потреба од нова понуда на пазарот за бисквите создадена според изборот на вкусовите на потрошувачите. Чајните бисквити и чоколадните колачи направени се комплетно да се вклопат во прехранбените манири на граѓаните и оние традиционалните, а имаме соодветна понуда и за оние што се приврзаници на поинакви вкусови. Со изборот што го направивме, уверени сме дека ќе пополниме една празнина на пазарот и дека ќе предизвикаме едно позитивно раздвижување во сегментот“, изјави Лидија Трајковска, Маркетинг Менаџер во Жито Лукс АД Скопје.

zito luks

Новите бисквити во својот состав содржат внимателно избрани состојки и брашно со докажан квалитет, а се создадени во согласност со високите стандарди на компанијата. Вкусовите се дополнети со додатоци од чоколадо, какао, путер, млеко и цимет. Може да се консумираат и како десерт, но идеални се и за комбинирање во разни рецепти или со топли напитоци. Соодветно на компаниската политика за амбалажирање на производите, новите производи се во модерни дизајнирани пакувања каде видливо е истакната содржината на производот, состојките што се употребени и хранливата вредност.

Со производство на повеќе од дваесет видови леб, традиционални, специјални и тост и неколку вида брашно, Жито Лукс е компанија лидер на македонскиот пазар во мелничко – пекарската индустрија. Развој на иновативи производи, користењето на модерна и напредна технологија во производството, како и примена на најновите сертификати за квалитет и безбедност на производите, се приоритети врз кои се базира развојната стратегија на Жито Лукс.

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа