29 Април, 2024
0.0260

Бизнис-состанок: како да изгледате импресивно?

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

„Никогаш нема да добиете втора шанса за да оставите импресивен прв впечаток“. Имајте го ова на ум секогаш кога се подготвувате за важен бизнис-состанок.

Содржината на она што ќе го презентирате и вашето однесување се секако важни, но уште пред да стигнете до оваа фаза, вашите потенцијални бизнис-партнери веќе добиваат прв впечаток за вас, бидејќи вашиот изглед зборува.

Можеби сметате дека облекувањето кај мажите е многу поедноставна работа отколку кај жените, но овој стереотип е далеку од вистината. Токму затоа овој пат ќе зборуваме за мажите и за нивниот стајлинг во бизнис-средина.

1. Облечете се така што ќе изгледате професионално и во согласност со средината. Доколку сметате дека бизнис casual стилот одговара за вашиот состанок, може да изберете и таква комбинација. Но доколку средината е формална, подобро е и вие да се држите до формалните правила на облекување. Во повеќето случаи тоа значи да облечете костум – внимателно избрани сако и панталони, соодветна кошула и вратоврска. Доколку сакате да постигнете поконзервативен изглед, изберете костум со потемна боја, светла кошула и храбра вратоврска. Ако, пак, сакате да прикажете малку повеќе храброст, изберете модерни кроеви, кои вешто ќе ги искомбинирате со деталите.


2. Во костумот што ќе го изберете треба да се чувствувате како во своја кожа за да го покажете најдоброто од себеси. Ако не ви е удобно, тоа ќе се забележи. Инвестирање во добар костум и во комплетен репрезентативен аутфит – кошула, вратоврска, чевли и додатоци како што се иглите за вратоврска или марамчиња за предниот џеб – секогаш е добра идеја. Додатоците се мали нешта што ставаат точка на комплетниот аутфит.

3. Многу е важно облеката да биде чиста, уредна и испеглана. Доколку не можете самите да го постигнете тоа, користете услуги за хемиско чистење. Лошо испеглана кошула нема да ви помогне за да оставите импресивен деловен впечаток.

4. Со сите овие нешта на ум, како да се облечете? Штом облеката зборува за вас, изберете таква што „ќе каже“ добри работи. Ние ви го препорачуваме италијанскиот бренд за елегантна машка облека Gabbiacci. Ќе ги најдете во ГТЦ на приземје од страната кон Жена-парк. Во новата колекција на Gabbiacci за есен-зима 2018-2019 ќе најдете сè што ви е потребно за да постигнете импресивен деловен изглед. Опис навистина нема да ви биде потребен каде и да се појавите.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг